Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар го пречекува КК Гостивар
Вардар го пречекува КК Гостивар

Вардар го пречекува КК Гостивар

КК Вардар во машката сениорска лига успеаа да врзе две победи во низа, совладувајќи го во гости Шкупи и на домашен терен тимот на битолски КК Пелистер. Со што се искачи на 8.позиција на табелата за само две кола, оставајќи три тима зад себе. Во следното коло сме домаќини на тимот на КК Гостивар.

Натпреварот кој е дел од 8.коло во Првата кошаркарска лига се игра на 24.ноември, сабота, почетокот е закажан во 17-00 часот во малата сала при спортскиот центар “Кале“ во Скопје. Нашиот иден ривал досега како и нас има одиграно шест дуели и има забележано четири победи во истите.