Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар го пречекува 18-ти Август во 11.коло
Куглање: Вардар го пречекува 18-ти Август во 11.коло

Куглање: Вардар го пречекува 18-ти Август во 11.коло

Според распоредот кој се составува по одиграните два круга во третиот круг во Македонската кугларска лига, KK Вардар првиот меч ќе го има како домаќин. На нас ни гостува екипата на КК 18 Август 2016 тим кој во двата дуела во претходните кола од МКЛ го добивме и против кој сме благ фавориот и во овој натпревар. На мечот на кој бевме домаќини победивме со максимални 8-0, а на дуелот на кој бевме “гости“ победивме со 2-6 со овој ривал.

Дуелот ќе се игра на 26-ти, фебруари, понеделник со почеток во 19-00 часот.  Вардар ќе биде домаќин во кугларницата ВИП- при Спорскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје. Овој меч е прв во треттиот круг или натпревар во рамки на 11.коло од македонската кугларска лига.