Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар гостува кај Империал Тобако ТКС
Куглање: Вардар гостува кај Империал Тобако ТКС

Куглање: Вардар гостува кај Империал Тобако ТКС

Утре на програмата во Македонската кугларска лига е новото, 7.коло односно втората пролетна рунда во МКЛ. Во ова коло избраниците на Драги Димитровски гостуваат кај екипата на КК Империал Тобако ТКС кои исто така е еден од аспираторите за втората позиција во лигата оваа сезона.

Дуелот се игра утре, сабота 27-ми jануари со почеток во 10 часот и 30 минути. Тимот на Империал ќе не пречека во кугларницата “Мусандра“ во Градскиот трговски центар Скопје. Вардар ќе атакува на победа за задржување на вицешампионската победа, откако во минатото коло дома беше поразен во еден тесен дуел од тимот на КК ГТЦ Мусандра со резултат 3-5.

Во првата средба одиграна есента Вардар го совлада  тимот на Имперал Тобако  со резултат 6-2, на тој меч ние во сетови победиве со 13-11, впишавме 3272 соборени “дрва“ што беше за 48 повеќе од ривалот кој собори 3225.