Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Влаќевски по првиот ден на Светското првенство во куглање е 4.место
Влаќевски по првиот ден на Светското првенство во куглање е 4.место

Влаќевски по првиот ден на Светското првенство во куглање е 4.место

ДИМИТРОВСКИ-ВЛАЌЕВСКИ-БЕНЕДИК ТРИОТО КОЕ ЌЕ ИГРА ЗА МАКЕДОНИЈА НА С.П

Вчера во Клуж, Романија на Светското првенство  играа половина од 64 учесници, по оваа рунда Бојан Влаќевски е четврто пласиран и има огромни шанси за успех.  Тој за секундант го има неговиот клубски другар од Медвешчак, претседателот на КК Вардар, Димитар Димитровски.

По првиот ден со резултат од 660 “соборени дрва“ Бојан Влаќевски го “зграби“ четвртото место по првиот ден од квалификациите на поединечното Светско првенство.  Денес  треба да играат уште 32 куглари, но повеќе од сигурно е дека Бојан  влегува меѓу 32-цата најдобри на светот. Задутре, четврток, тој ќе игра во второто коло, и ако направи добар резултат, влегува во осминафиналето во кое ќе има директен дуел против некој од противниците. Поранешниот вардарец со малку среќа при дуелите на испаѓање, надополнето со неговиот голем квалитет може да стигне до врвот на ова СП.