Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар се избори за финале!

ЖКК Вардар се избори за финале!

Кошаркарките на Вардар се пласираа во финалето на кошаркарската лига. Нашите девојки вчера во малата сала во СЦ. “Кале” ја прекечаа екипата на МНА Кожувчанка од Кавадареци. Овој решавачки натпревар девојките на Вардар го добија со резултат 66-51.

Во текот на целиот меч нашиот тим беше подобар противник и заслужено се радуваше на победа и пласман во финалето. Сега девојките на Вардар пред себе ќе имаат уште еден тежок противник во финалната серија. Тимот на Бадел 1862 иако е апсолутен фаворит, сепак вардарки ќе се обидат да стигнат до ново изненадување.

Финалната серија се игра во три добиени натпревари.