Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > (Фотогалерија) Фуриозните, Поп-Крстев и Димитровски му го зададоа “последниот удар“ на Империал Тобако
(Фотогалерија) Фуриозните, Поп-Крстев и Димитровски му го зададоа “последниот удар“ на Империал Тобако

(Фотогалерија) Фуриозните, Поп-Крстев и Димитровски му го зададоа “последниот удар“ на Империал Тобако

Вчера во кугларницата “Мусандра“ во  Скопје се  одигра  дуелот од 7.коло во Македонската кугларска лига во кој КК Империал Тобако ТКС го пречека тимот на Вардар.  На овој меч ние победивме со максимални 0-8, мора да се одаде  признание на одличната поставеност на играчите која ја постави тренерот Драги Димитровски.  По четири први дуели веќе водевме со 4-0, по што дојде и последниот пар.

Овие два дуела за конечна победа погледнете ги низ нашата фотогалерија. Токму во нив за нас  настапија Дарко Димитровски (548) кој со 3-1 во сетови го донесе петтиот поен за нас. На другата патека  се појави Георг Поп-Крстев кој минатиот дуел беше заменет, а сега тренерот Димитровски му даде улога да му се спротистави на Младен Донковски, одличен играч и екс член на Вардар. Поп-Крстев (533) одигра одлично, беше сигурен во чистењето и триумфираше во средбата со секогаш незгодиниот Донковски.

1 2 3 4 5 6 7 8 8v 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 20 21 22 24 25 26 27 28 29