Најдобриот атлетичар на долги патеки кој воопшто некогаш го имала Македонија, легендата на долги патеки Трпе Мартиновски. Кој имаше завидна кариера на стадионските трки каде што како атлетичар на Вардар далечната 1983 во Марибор постави јуниорски рекорд на 2.000 метри стиплчејз. Потоа имаше завидна кариера на улични трки, крос кантри, планинско трчање, полумаратон, маратон и ултра маратон 100 километри. Настапуваше за најсилните клубови од Македонија како и во двата најдобри Бугарски клубови.
Пред нешто повеќе од 2 сезони најави дека става крај на кариерата, тоа и го стори. Но останува во атлетиката како тренер. максимално посветено на работа со своите атлетичари. Мартиновски е расположен да помогне на секој спортист и атлетичар. Но резултат ќе прави само со мала група на атлетичари. Сега под негова контрола е Петре Завировски кој тренира сам со својот тренер поради отсуството на својот тренинг партнер Марко Ивановски кој долг период се мачи со повреда. Атлетичарот Петре Завировски вели дека не му е потребна дополнителна мотивација, бидејќи неговиот тренер повеќе од доволно го мотивира. Потоа додава:
Мојот тренер го чувствувам како дел од семејството, имам огромна доверба во него, Знам дека ќе успееме еден ден. Затоа што ние сме тим. Свесни сме дека не чека многу долг и претежок пат. Но Заедно се жртвуваме. Ќе изгинеме но резултатот мора да дојде. Тоа што го прават на тренинг и надвор од тренингот за напредок во кариерата не сакаат јавно да го споделат. Ниту пак го споделуваат својот план за натпреварите во наредната сезона-Ни вели Завириовски.