Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > (ФОТО) КУГЛАЊЕ! Вардар ги престави новите дресови за сезоната 2015/16

(ФОТО) КУГЛАЊЕ! Вардар ги престави новите дресови за сезоната 2015/16

Дарко Димитровски (лево) - Бојан Влаќевски (десно)

Дарко Димитровски (лево) – Бојан Влаќевски (десно)

Црвено – црните куглари веќе се во напредна фаза од подготовките за новата сезона во која ги чекаат европски и домашни дуели . Тие ги почнаа подготовките од шести овој месец и интезивно работат на својата форма. Подготовките се одржуваат пред се во кугларницата при Спортскиот Центар “Борис Трајковски“ кој е домашен терен за вардарци во дуелите од Македонската кугларска лига.

vardarfans kuglar

Нашите куглари во новата сезона 2015/16 ќе се натпреваруваат во две нови комбинации на дресови од реномираниот производител на спортска опрема “Хумел “ . За модели кои ќе ги престават дресовите на јавноста КК Вардар ги одбра двајцата истакнати поединци во црвено – црниот табор :   Дарко Димитровски (бела комбинација) и Бојан Влаќевски. Вардарфанс ви ги донесува фотографиите од изгледот на новата опрема . Нашите момци со овие нови дресови ќе дебитираат на првиот европски предизвик во Австрија  на  НБЦ купот каде ќе се обидат да бидат достојни преставници на нашата земја на овој силен европски куп .