Денес свој роденден прославува играчот на Кугларскиот клуб “Вардар“, младиот куглар Георг Поп-Крстев. Ова момче од веќе три сезони е дел од нашиот црвено-црн кугларски колектив. Тој дојде тивко… и влезе во вардаровите легенди, полани беше играч кој повеќе од 2 години не кугла, но ја прифати подадената рака на тренерот Драги Димитровски кој насети талент…
Година потоа е златното вардарово момче кое во Куп финалето поентираше за злато. Измината сезоната беше играч со најмногу топ-6 пласмани во колата, оваа го мачеше повреда па ја пропушти во поголем дел, сепак се рехабилитираше за Купот на РМ, каде имаше најдобар скор во црвено-црниот тим.