Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КОШАРКА! Девојките го пречекуваат утре “фенерџијата“ Клупски Патриот во “Кале“
КОШАРКА! Девојките го пречекуваат утре “фенерџијата“ Клупски Патриот во “Кале“

КОШАРКА! Девојките го пречекуваат утре “фенерџијата“ Клупски Патриот во “Кале“

Викендов на програмата е новото коло во кошаркарската прва женска лига, во истото девојките на Вардар се домаќини. На нас ни гостува екипата која е “фенерџијата“ во женската лига ЖКК Клубски Патриот.

Мечот ќе се игра утре, сабота на 17.12.2016 во малата сала при спортско рекреативниот центар “Кале“. Мечот е закажан со почеток во 15-00 часот. Кошаркарската федерација ги одреди службените лица за мечот: делегат ќе биде  Дојчиновски Д. , а судиската двојка ќе ја сочинуваат  Петровиќ Мери и Јакова Б. Во овој меч нашите црвено-црни девојки се фаворити за нова победа, петта по ред. По првиот пораз девојките наредија четири победи по ред и сега “јуришаат“ кон нов триумф против “фенерџијата“ кој забележа четери порази од исто толку меча одиграни досега. Тоа е тим кој игра слаба одбрана и прима во просек 85 коша по натпревар на воведните кола. Во нападот се речиси “безопасни“ бидејќи имаат просек на постигнати поени од 31,50 реализирани поени по меч, што е најслаб просек во цела лига. Ова е прилика за убедлива победа на црвено-црните девојки.