Вчера во СЦ. “Форца” одбојкарите на Вардар го одиграаа и третиот натпревар од новата сезона во првата одбојкарска лига. Нашите момци на овој дуел пред себе го имаа бранителот на титулата од минатата сезона, тимот на ОК Шутова. Нашите момци на овој натпревар не признаваа шампиони, и без ниту мал респект, славеа убедлива победа над шампионот со резултат 3:1 (27:25 25:23 16:25 25:19)
Со овој триумф нашите одбојкари покажаа и докажаа дека оваа сезона можат не само да се носат со секој тим, туку дека можат и да слават убедливи победи. Ова беше втор натпревар пред своите гледачи, и втор убедлив триумф за Вардар. По три одиграни рунди, нашите момци се на биланс од две победи (против УГД Студент и Шутова) и еден пораз, оној од минатата недела против Пробиштип.
Фото: Panevski