Вчера на програмата беа возбудувањата од 8.коло во Македонската кугларска лига. Во осмиот круг оваа сезона црвено-црниот кугларски колектив гостуваше кај “фенерџијата“ екипата на Кк Империал Тобако ТКС. Мечот се одигра во кугларницата “Мусандра“ во гратскиот трговски центар во Скопје. Вардарци на ова гостување однесоа победа со резулат 1-7.
Играчите на Кк Вардар имаат одличен лигашки ефект годинава, тие во МКЛ од 8 коло имаат 7 победи и само едно реми она со дирекниот конкурент за врвот екипата на македонскиот кугларски шампион Кк Макпетрол со која и по ова коло имаат еквивалентен број на бодови. Најистакнати во победата за која беа заслужни пред се сите куглари кој настапија беа двајцата изворедни куглари членовите на фантастичното дуо Влаќевски-Димитровски. Тие повторно имаа најдобри скорови , прв скор имаше Бојан Влаќевски кој имаше 617 “соборени дрва“, а зад него со речиси исти ефект беше Димитар Димитровски кој имаше 616 “соборени дрва“. Вчера на мечот во “Мусандра“ одлични беа и останатите играчи на вардарци : Дане Јакимовски стандардно е веднаш зад дуото со својот скор тој имаше одлични 594 “соборени дрва“, четврти по скор беше Младен Донковски со личен скор кој изнесуваше 576 “соборени дрва“. Искусниот Миле Димковски на овој дуел имаше 545 “соборени дрва“,а Коста Ристевски забележа скор од 520 “соборени дрва“. Вкупниот ефект на нашите куглари беше 3471 “соборени дрва“, а во победата со 1-7 имавме ефект 5-19 во сетови. Следен дуел за нас е оној од предпоследното коло на домашен терен со екипата на Кк ГТЦ, кој е последен дуел пред решавачкото дерби за титулата во Македонската кугларска лига. Овој дуел ќе се игра во кугларницата при С.Ц “Борис Трајковски“ во сабота, со почеток во 11-00 часот.