Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: “Вардарците„ Димитровски и Влаќевски го вратија Медвешчак во елитата
Куглање: “Вардарците„ Димитровски и Влаќевски го вратија Медвешчак во елитата

Куглање: “Вардарците„ Димитровски и Влаќевски го вратија Медвешчак во елитата

Двајцата поранешни вардарци, Бојан Влаќевски и Димитар Димитровски  актуелен претседател на КК Вардар) оваа сезона ја минаа во тимот на Медвешчак од Хрватска. Откако заминаа токму од црвено-црниот тим во овој хрватски тим со богата историја. Медвешчак мораше сезонава да ја одигра во Хрватската лига Север (втора по квалитет лига) по лошата сезона лани во елитата. Сепак засилени со нашите момци тие успеаа да се вратат во хрватскиот крем.

dime-660x330

 Бојан Влаќевски и Димитар Димитровски беа едни од столбовите на хрватскиот  кугларски тим кој сакаше и успеа да се врати онаму каде што припаѓа.  Тимот од осамостојувањето на Хрватска бил шест пати првак на земјата, голем број пати бил првак и во ех Југославија. Има десет меѓународни титули: седум титули во Светскиот куп, три во европскиот и една титула во НБЦ-купот.  Во последното коло во дуел со второпласираниот тим на Лепогла нашите момци и нивните колеги дојдоа до победа со резултат 7-1. Тие ја завршија сезоната без ниту еден пораз. Димитровски беше играч на мечот со скор од 623 “соборени“ дрва, стандардно Влаќевски исто така беше над “600ка“, тој имаше скор од 609.