Кошаркарска федерација на земјава и оваа година организираше камп за млади кошаркари во периодот од 25. јуни до 30. јуни во Маврово. На овој камп, селектирани се 60 млади кошаркари кои се дел од репрезентациите до 14 односно до 15 години и кои во текот на годината се дел од проектот на ФИБА насловен како „Заедно до М16“. И оваа година, координатор на кампот беше американскиот тренер Крис Дајл кој е придужуван од двајца свои соработници. На списокот учесници се најдоа тројца тренери на Вардар и дури 11 момци. Како се реализираше истиот погледнете на следното видео.
