Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошаркарите на Вардар (М-18) станаа шампиони на Македонија
Кошаркарите на Вардар (М-18) станаа шампиони на Македонија

Кошаркарите на Вардар (М-18) станаа шампиони на Македонија

Кошаркарите на Вардар ја освоија шампионската титула во лигата за играчи до 18 години (М-18), откако во финалето го победија тимот на МЗТ Скопје со 2-0 во добиени натпревари. Шампионската титула беше освоена на теренот на противникот, откако во вториот дуел избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов успеаја да стигнат до потребната втора победа. Триумфот е уште поголем ако се знае дека домаќинот МЗТ Скопје 2 на почетокот водеше со повеќе од 10 поени разлика. Кон средината на третата четвртина младинците на Вардар останаа и без помошта од тренерот Кочов, кој поради приговор беше исклучен од страна на судиите.

vardarfans kk 18

Но, тоа не беше пречка со сигурна игра играчите во „црвено-црните“ дресови да ја зачуваат предноста и да стигнат до победата и шампионскиот пехар.Конечниот резултат гласеше 72:79. Во првиот дуел во финалната серија на домашен терен Вардар победи со 85:65. Оваа екипа претходно во многу понеизвесни дуели во полуфиналето од плеј офот со 2-0 во победи ја совлада и екипата на МЗТ Скопје 1, а во рамките на Супер лигата Вардар заврши на првата позиција со само еден пораз од 11 натпревари и сосема заслужено е освоена титулата.

Предводници на оваа генерација беа: Дамјан Робев (капитен), Дејан Србиновски, Стефан Милевски, Марко Ивановски, Јетон Фета, Виктор Ефремовски, и се разбира остатокот од тимот.