Eкипата на Кошаркарскиот клуб Вардар од селекцијата до 18 години гостуваше кај тимот на КК Ангели. На оваа средба од лигата М18 црвено-црните момци успеаа со одлична игра во текот на дуелот да дојдат до победа со десет поени позитива.Кошаркарите во црвено-црна гарнитура на теренот беа подобар противник и триумфираа со резултат 65-75.
Во нашите редови М.Наумоски беше прв стрелец на оваа средба, тој постигна 21.поен на ова соочување. Одличен меч имаше и Х.Бајрам кој уфрли 18 поена, С.Јовановски имапе само два помалку односно 16 поена.