Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Започнуваат младинските лиги за КК Вардар
Започнуваат младинските лиги за КК Вардар

Започнуваат младинските лиги за КК Вардар

Конечно по речиси една година пауза, најавен е почеткот на дуелите во машките и женските кошаркарските млади лиги. Вардарци наскоро ќе искочат на мегдан по 11 и пол месеца пауза со првенствени мечеви. Во информацијата поставена на веб-страницата на кошаркарската федерација се вели:

Поради ситуацијата со Covid 19, младинските лиги (мажи и жени) за сезона 2020/2021 беа одложени за извесен временски период, и ќе стартуваат од овој месец.

Сите натпревари ќе се одигруваат според Протоколот за Covid 19, пропишан од Владата на РМ, и приспособен од страна на федерацијата.

Првото првенствено коло, во М18 конкуренцијата (мажи) ќе се одигра на 27. февруари. Она во М16 на распоредот е на 6.март, додека  во М14 лигата во машка конкуренција е предвидено за 20.март.

СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ и РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ за сезоната 2020/2021- мажи

СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ и РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ за сезоната 2020/2021- жени