Младата кошаркарска екипа на Вардар која е составена од играчи родени 2002 година и помали беше на новогодишна турнеја низ главниот град на северниот сосед Србија, Белград. Тие таму одиграа неколку натпревари со младите екипи од главниот српски град. Тие се сретнаа со екипата на Визура на последниот дуел. Претходно играа со тимот на КК Земун кој го добија со 83-66 (фото)