Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! Вардар гостува кај КК Куманово
Кошарка! Вардар гостува кај КК Куманово

Кошарка! Вардар гостува кај КК Куманово

Минатиот викенд беше резервиран за Куп завршницата во машка и женска кошаркарска конкуренција, овој викенд продолжуваат мечевите кај момците со дуелите од 13-тото коло од Првата машка кошаркарска лига. Вардар во ова коло е гостин.

Црвено-црните момци на Кочов гостуваат кај кошаркарскиот клуб Куманово во истоимениот град, дуелот ќе се игра во сабота 25 фебруари. Мечот во спортската сала во Куманово ќе се игра со почеток во 19-00 часот. Македонската кошаркарска федерација ги одреди и официјалните лица за овој првенствен натпревар: улогата на делегат му припадна на М. Крстевски , прв судија е   И. Митровски, втор  А. Феревски, а за трет судија делегиран е  А. Давидов. Во првиот меч во Скопје кој се одигра во малата сала при спортско рекреативниот центар “Кале“ гостите триумфираа со 94-67. Нашиот противник вчера дојде до победа  против екипата на Пеќ од Косово, и обезбеди пласман во полуфиналето во Библ Лигата.