Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Преглед 16.коло! Нова победа на лидерот КК Вардар
Преглед 16.коло! Нова победа на лидерот КК Вардар

Преглед 16.коло! Нова победа на лидерот КК Вардар

ГКК Охрид славеше убедливо против Црн Дрим (73:55), лидерот Вардар сигурен против Борец Баскет (104:79)

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: „Езерското дерби“ за охриѓани

Овој викенд се одигра некомплетното 16. коло од Втората лига, кое и не донесе некои особено важни промени во изгледот на табелата.

Водечките екипи запишаа сигурни победи. Вардар на свој терен беше многу подобар противник од Борец Баскет, славеа „црвено-црните“ со повеќе од убедливи (104:79), и го оддржуваат чекорот во однос на екипите кои претендирата за првата позиција.

Кошаркарите на Соколи 1933 без особени проблеми славеа на гостински терен кај Кам Баскет (86:56), доволно да ја потврдат позицијата број 2, на која атакуваат и екипите на Ангели и Работнички 2018, кои својот меч ќе го одиграат на 2. март.

Дерби на ова коло беше она „езерското“. Особено ако се земе в предвид дека во салата „Билјанини извори“ во Охрид гостуваше струшки Црн Дрим.

На крајот, сигурна победа за домашната екипа (73:55), која со овие два бода држи приклучок со водечките екипи по 16 одиграни кола.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 16. КОЛО

ГКК Охрид – Црн Дрим   73:55

Баскет Кам – Соколи 1933        56:86

Шкупи – МКК Куманово 65:67

Вардар – Борец Баскет   104:79

01.03: Водно Санс – МЗТ Скопје Уни Банка

02.03: Ангели – Работнички 2018

ТАБЕЛА: Вардар 30, Соколи 1933 28, Работнички 26 (-1), ГКК Охрид 26, Ангели 25 (-1), МКК Куманово 24, МЗТ Скопје Уни Банка 22 (-1), Водно Санс 22 (-1), Шкупи 22, Борец Баскет 22, Баскет Кам 19, Црн Дрим 16;

ИДНО КОЛО (04.03)

Работнички 2018 – ГКК Охрид

Шкупи – Вардар

МЗТ Скопје Уни Банка – Ангели

Сокои 1933 – Водно Санс

Црн Дрим – Борец Баскет

МКК Кумамово – Баскет Кам