По двете гостувања и двата успеха, во следната четврта рунда КК Вардар е повторно домаќин.
Вардар е прв на табелата, има скор 2-1 заедно со уште неколку тима, во 4.коло во малата сала при Спортскиот центар „Кале“ ја пречекуваме екипата на МКК Куманово од истоимениот град. Натпреварот е закажан за задутре, недела (06/11/2022) со почеток во 19-00 часот. Делегирани се следните судии за овој дуел: А.Златевски, В.Крстевски и А.Ивановски.