Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар М-15 со висока победа во дуелот со Партизан МШ
КК Вардар М-15 со висока победа во дуелот со Партизан МШ

КК Вардар М-15 со висока победа во дуелот со Партизан МШ

Екипата на КК Вардар гостуваше на тимот на КК Партизан МШ во 18.коло од лигата за момци до 15 годишна возраст. Дуелот се одигра во салата “Парк“ во Скопје.

Црвено-црните надежи од генерацијата родени 2004 година и помали успаа да дојдат до триумф. Тие доминираа на оваа средба во сите аспекти на кошаркарската игра и уште по крајот на првиот период поведоа наговестувајќи доминација. Во текот на целиот дуел ја зголемуваа предноста која на крајот нарасна на 48.поени. Триумфот дојде со резултат 34-82 за црвено-црните момци.