Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар се подготвува за настап во Купот
КК Вардар се подготвува за настап во Купот

КК Вардар се подготвува за настап во Купот

КК Вардар се подготвува за настап на завршниот турнир во Националниот Куп на Македонија. Утре нашите кошаркари во рамките на 1/4 финалето ќе се сретнат со тимот на КК Карпош Соколи. Нашиот тим иако е апсолутен аутсајдер на овој меч, сепак има свој адути на кој може да смета на овој дуел против претставникот на АБА-лигата.

Со овој натпревар ќе биде отворен овој турнир. Овие два тима ќе се сретнат во 13 часот. Потоа следуваат уште три натпревари во текот на денот. Веќе во сабота се играат 1/2 финалните дуели. Се надеваме на една мотивирана и борбена игра на нашите млади кошаркари.