Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КОШАРКА! Вардар со 29 поена разлика го победи Пелистер
КОШАРКА! Вардар со 29 поена разлика  го победи Пелистер

КОШАРКА! Вардар со 29 поена разлика го победи Пелистер

Викендов на програмата во  македонската втора кошарска лига беше седмото првенството коло. Нашиот црвено – црн кошаркарски колектив беше домаќин на битолски КК Пелистер. Мечот се одигра во малата сала при спортско рекреативниот центар “Кале“ каде му нанесовме убедлив пораз на ривалот од Битола со 86-57.

 Во ова седмо коло и Вардар ја оствари својата пета победа со која е на делба на вице-лидерската позиција на табелата од втората лига  со 12 Бода. Втората позиција ја делиме заедно со тимот на КК Гостивар 2015 кој има идентичен скор, а лидер е тимот на  КК Охрид АВ кој има максимален број поени 14 по одиграните 7 првенствени кола. На дуелот со Пелистер во кој победивме со изворендни 29 поени разлика на кошаркарите на Вардар  околу 20-тина членови на навивачката група Комбат им даваа поддршкаод трибините. Следниот меч е повторно дерби за нас гостуваме кај Гостивар меч по кој многу што ќе се знае кој ќе биде зад лидерот Охрид во битката за место во најквалитетната македонска кошаркарска лига.   Во лигата се одиграа и другите дуели еве ги резултаите од 7 коло во 2КМЛ :

 Коло.7 Водњански Л.  81  53 Ангели
 Коло.7  Тетекс  40  73 Гостивар 2015
 Коло.7   Академија ФМП  83  94 Охрид АВ
 Коло.7  Шкупи  /  / Радовиш
 Коло.7  Вардар  86  57 Пелистер