Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар перфектен, дојдовме до три од три по победата над Империјал Тобако
Куглање: Вардар перфектен, дојдовме до три од три по победата над Империјал Тобако

Куглање: Вардар перфектен, дојдовме до три од три по победата над Империјал Тобако

Кугларскиот клуб Вардар има перфектен старт на сезоната, по три кола има исто толку победи во МКЛ. Уште еден неизвесен натпревар зад нас, уште една победа на нашето конто. Империјал Тобако добро го намачи вардаровиот тим, кој се потруди поприлично  за да дојде до тесен триумф од 5:3.

КК Империјал Тобако ТКС – КК Вардар 3:5 (9:15; 3118:3181)

Никодиновски-Поп Крстев 0:4 (475:544)
Ѓорѓевик-Тодоровски 2:2 (525:494)
Нунев-Стојановски/Ристиќ 2:2 (540:542)
Мандаровски-Згонц 3:1 (562:548)
Анастасов-Митиќ 2:2 (533:527)
Анцевски-Димитровски 0:4 (483:526)

Клучен момент на натпреварот е влегувањето во игра на Ристиќ како резерва на 60 кугли при негатива од 2:0 и 30 разлика за противникот. Ристиќ одигра маестрално со 295 и со пресврт донесе клучен поен за екипата, кој се покажа како одлучувачки за конечен триумф.

Стандардно добра игра од Поп Крстев и Згонц кои се носители на тимот овие 3 кола од новата сезона.