Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Шампионот КК Макпетрол следен предизвик за вардарци
Шампионот КК Макпетрол следен предизвик за вардарци

Шампионот КК Макпетрол следен предизвик за вардарци

На програмата викеднов  во Македонската кугларска лига е 8.коло, односно веќе треттото од пролетниот дел во првенството. Нашиот кугларски црвено-црн колектив, Вардар има тешка задача, на вардарци им гостува шампионот КК Макпетрол, екипа која владеа со овој спорт деценија и пол наназад.

Дерби натпреварот ќе се игра по претходен договор на тимовите во понеделник, 5-ти фебруари. Натпреварот со шампионот Макпетрол е закажан со почеток во 17-00 часот. Ние ќе бидеме домаќини во кугларницата “Вип“ при Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје. Во овој дуел гостинот влегува од лидерската позиција со максимален ефект, ние сме второпласирани со досега освоени 10 бода во МКЛ. Момците од противничкиот тимм се апсолутен фаворит на дуелот кој ќе се игра в понеделник.

Ние во минатото коло, поточно во 7.коло по воведниот пораз дома од КК ГТЦ Мусандра (6.коло) одигравме одличен дуел во гости совладувајќи го тимот на КК Империал Тобако ТКС со максимални 0-8 во кугларницата “Мусандра„.