Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглањето се враќа на 17-ти идниот месец, Вардар работи активно
Куглањето се враќа на 17-ти идниот месец, Вардар работи активно

Куглањето се враќа на 17-ти идниот месец, Вардар работи активно

Куглањето се враќа конечно по прекинот во март месец поради пандемијата со Ковид-19. Вардар веќе извесен период се подготвува за предизвиците. Вчера федерацијата излезе со конкретна рамка за продолжувањето во соопштението се вели:
Во изминатиов период Извршниот одбор предводен од претседателот на КФМ – Предраг Николиќ имаа интензивни состаноци и на денешниот состанок се донесоа следните заклучоци:
Македонската кугларска лига за сезона 2020/21 година ќе започне на 17.10.2020 во која ќе учествуваат 7 екипи (нема да учествува само Империјал Тобако)
Редовно годишно собрание КФМ ќе има во недела на 04.10.2020 on line
Натпреварувачка комисија донесе строги протоколи за сите учесници во натпрeварите усогласени со протоколите на самите куглани и Здравствена комисија на државава поврзани со вирусот Covid 19 кои доследно ќе мора да се почитуваат.
Одлучено е да се одржат поединечните државни првенства во сите возрасни категории
Преодниот рок за играчи ќе биде од 01 – 05 октомври
Распоредот на активностите за есенскиот дел ќе биде објавен најдоцна до 01 октомври