Денес по повод денот на независноста на Република Македонија ќе се организира силен меѓународен кугларски турнир “8-ми Септември”. Турнирот во целосна организација на кугларскиот клуб Вардар, ова е прв ваков турнир со желба и тенденција да стане традиционален во иднина. Овој турнир е потпомогнат од Град Скопје и серија други помагатели. Организаторите успеаа да обезбедат шанса за широките народни маси да ги гледаат случувањата на истиот. Тие успеаа да добијат поддршка за проектот од МОК-македонскиот олимписки комитет и да договорат меѓусебна соработка околу преносот на настанот. Па така целиот турнир од отворањето официјалниот дел, затворањето на истиот и наградите ќе иде низ директен пренос. Преносот ќе може да се следи низ видео стрим на каналот на МОК.
Преносот во живо од кугларницата при С.Ц “Борис Трајковски“може да го погледнете на следниов –