Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардарецот Бојан Влаќевски во топ-10 најдобри на завршениот европски НБЦ-куп
КУГЛАЊЕ! Вардарецот Бојан Влаќевски во топ-10 најдобри на завршениот европски НБЦ-куп

КУГЛАЊЕ! Вардарецот Бојан Влаќевски во топ-10 најдобри на завршениот европски НБЦ-куп

Годинешното издание на НБЦ-купот се одржа во Австрија. На овој европски кугларски собир зема учество и нашиот црвено – црн кугларски колектив. За КК Вардар ова беше деби на европска сцена и веднаш добар резултат пласман во првата половина од 24 учесници на истиот, поточно завршивме на 10 место оставајќи зад себе 14 екипи со послаб пласман од нас. Покрај екипниот забележителен резултат и во поединчно имаме еден убав резултат, а тоа е пласманот на Бојан Влаќевски.

Еден од избрниците  на шефот на стручниот штаб Драги Димитровски кој настапи прв на НБЦ-купот Влаќевски се најде во топ-10 листата на завршениот турнир.  Влаќевски имаше соборено 619 “дрва“ за време на својот настап. Влаќевски е еден од најистакнатите  членови на Вардар тој и во подготовките за овој европски куп имаше резултати кој секогаш беа во врвот на тимската листа  топ-3 , а неретко се наоѓаше и во топ-6 листите по завршените кола во Македонската кугларска лига. Посебен белег во изминатата сезона остави неговиот настап  кога го сруши рекордот на кугланата во СЦ Борис Трајковски. Тогаш Влаќевски собори фантастични 682“дрва“ со што го собори речиси 5 години стариот рекорд на светскиот рекордер Вилмош Заварко од 677 соборени кегли. За напомена е дека нашата земја под уставното име се водеше на нашиот настап на овој европски турир, КК Вардар од Република Македонија.

vardarfans vlakje