Кугларите на црвено-црниот тим измината недела започнаа со зимските подготовки, момците ги стартуваа тренизите во кугланата „Мусандра“ во Градскиот трговски центар.
Вардар се подготвува за пролетниот дел од лигата кој всушност е речиси целиот тек на сезоната 2020/2021 година. На есен во МКЛ се одигаа само две кола и беше прекината истата поради влошувањата на пандемијата со Ковид-19 во земјава. Вардар фанс беше на тренинг и ви носи фотогалерија.