Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Кугларски Клуб Вардар со убедлива победа над КК Империјал Тобако
Кугларски Клуб Вардар со убедлива победа над КК Империјал Тобако

Кугларски Клуб Вардар со убедлива победа над КК Империјал Тобако

Од досега одиграни 9 кола на МКЛ, четврта максимална победа од 8-0 на КК Вардар 2014. И по втор пат жртва беше екипата на Империјал Тобако, која како домаќин во кугланата Мусандра го пречека Вардар 2014, но гостинскиот терен не беше пречка за Вардарци да ја оправдаат фаворитската улога и да демонстрираат квалитет.

Она што уште повеќе радува е вкупниот резултат на КК Вардар 2014 во ова коло, кој ги надминува сите вкупни резултати на другите екипи, вклучувајќи го и шампионскиот тим на Макпетрол. После оваа победа, Вардар се искачи на третото место на табелата, веднаш зад Работнички и Макпетрол. Се поизвесно е дека директниот дуел меѓу Вардар и Работнички следното коло ќе го даде вицешампионот за сезоната 2014/2015, додека Макпетрол веќе ја обезбеди шампионската титула.

 

tab