Вардарци го завршија својот настап на Светскиот Куп во куглање кој се игра во Запрешиќ, Хрватска. Црвено-црните избраници екипно соборија 3.440 “дрва“ на овој меѓународен кугларски настан.
Најдобар скор од сите имаше најмладиот вардарец, Георг Поп-Крстев, кој единствено имаше резултат со “6ка“, односно собори точно 600 “дрва“. Веднаш зад него беше најискусниот од овој состав Тодоровски Тони со скор од 591, во продолжение постигнатите резултати по висина на остварен резултат.
- Георг Поп-Крстев – 600
- Тодоровски Тони – 591
- Влатко Стојановски – 587
- Влатко Гиевски кој собори – 564
- Дарко Димитровски – 560
- Бранко Митиќ – 538