Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Стојановски, Поп-Крстев и Димковски дел од топ-6 во 12.коло во кое пола идеален тим е црвено-црн
Куглање: Стојановски, Поп-Крстев и Димковски дел од топ-6 во 12.коло во кое пола идеален тим е црвено-црн

Куглање: Стојановски, Поп-Крстев и Димковски дел од топ-6 во 12.коло во кое пола идеален тим е црвено-црн

Викендов на програмата беше 12.коло во Македонската кугларска лига,  во истото бевме  домаќини на екипата на КК Империал Тобако ТКС. Момците од КК Вардар  победија и овој пат повторно со максимални 8-0. На овој дуел сетови доминиравме и  бевме подобри со резултат 17-7. Избраниците на Драги Димитровски  соборија 3204 “дрва“, или 208 повеќе од противникот кој застана на бројката 2996.

Добрата игра и солидните постигнувања на црвено-црните “лансираа“ тројца момци во топ-6 на колото, односно повторно половина од идеалниот тим е црвено-црн. Највисоко место има  Влатко Стојановски, тој е на позицијата број два ова 12.коло во иделниот тим. Влатко беше број еден на дуелот со Империал впишувајќи скор од 562 ( 337+185) соборени “дрва“. Во нашите редови  втор скор имаше младиот Георг Поп-Крстев кој зад своето име впиша скор од  соборени 545 (355+192). Младиот вардарец повторно најде место во топ-6 листата и ова коло, за него е резервирана 4-тата позиција. Веднаш зад него во “идеалните шест“ се најде капитенот Миле Димковски. Искусниот вардарец имаше соборени 542 (378+164) “дрва„ и  повторно поентираше за нас.

Идното 13.коло на прогамата е следниот викенд, во него не очекува дербито за вице-шампионската титула со единствениот конкурент КК ГТЦ Мусандра во гости.  Тој дуел ќе се игра 10.март (сабота) во кугларницата “Мусандра“ во Градскиот трговски центар Скопје.