Кугларите на Вардар вчера беа домаќини на шампионот на Македонија, екипата која деценија ипол е на врвот на мак.куглањето, богатиот тим на КК Макпетрол. Во дуел од 8.коло во Македонската кугларска лига гостинот дојде до победа потешко од очекувањето иако влезе како апсолутен фаворит во овој дуел. “Пумпашите“ победија со 2-6 на овој дуел одигран во кугларницата “Вип„.
Ние имавме прилика и за нерешено до самиот крај, но ни фалеа два сета за изненадување во оваа средба. По првите два пара беше реми 1-1, за нас поен зема Коста Ристовски (585, 364+221) кој повторно одигра на завидно ниво. Поразени бевме кај Тодоровски/Митиќ 233+285. По вториот пар повторно повторно имаше резултатска симетрија, 2-2. За нас поен впиша М.Згонц (547, 365+182), а поразени бевме кај Миле Димковски/Поп-Крстев 142+413. Имавме прилика со евентуални поени во последниот пар да одиграме и реми. Последни настапија за нас Дарко Димитровски 529 (364+165) и Влатко Стојановски 569 (362+207) тие одиграа и двајцата 2-2 во сетови со ривалите, но поради подобриот скор на противниците поените заминаа за жолто-синиот тим.
Вкупо екипно дојдовме до скор 3294 што е солидеден резултат за нашиот ростер, шампионот имаше соборени 3376 “дрва“ на оваа средба. Парадоксално на овој меч беше што ние победивме во сетови со 13 према 11, но тоа немаше значење бидејќи двата поени за тимскиот скор се даваат врз основа на вкупно соборените “дрва“. Кај нас одлични партии има Ристевски Коста кој вторпат по ред игра одлично и бележи победи како и Згонц кој одигра доволно за да поентира над ривалот. Следното коло се игра идниот викенд, не сме домаќини на екипата на КК 18-ти Август 2016 во истото.