Кугларскиот клуб Вардар минатата сезона сосема за многумина неочекувано во големото финале на кугларскиот Куп на Република Македонија го совлада тимот кој е деценија и пол шампион во овој спорт КК Макетрол и дојде до големиот пехар. Тоа не беше прв пехар на црвено-црните две сезони претходно тие исто така го освоиа истиот, но тогаш се играше по друг систем, а воедно имаа имаа и позвучен ростер.
Конечно наближува времето на обид да се одбрани истиот и оваа сезона. Како и лани така и годинава Kупот ќе биде составен од три етапи, во првата сите екипи ќе играат квалификации за да се дознаат топ-4 тима. Во втората најдобрите четири ќе формираат полуфинални двојки и ќе играат дуели (дома-гости) за да се дознаат двата финалисти. На крај во треттата и последна фаза, преостанува големото Куп финале. Вардаци имаат амбиции само за пласаман во финале оваа сезона. Според објавата на Кугларската федерација овој месец, на 31.март почнуваа првата фаза.