Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар в петок патува за Словенија на дуел со Калцит Камник
Куглање: Вардар в петок патува за  Словенија на дуел  со Калцит Камник

Куглање: Вардар в петок патува за Словенија на дуел со Калцит Камник

Кугларскиот клуб Вардар овој викенд,   поточно на 28.април, сабота ќе одигра меѓународен тест-натпревар со екипата на Калцит Камник од Република Словенија. Црвено-црните избраници на Драги Димитровски патуваат по покана на екипата од Словенија со која имаат пријателски односи.

Нашиот домаќин беше учесник на првиот 8-мо септемвриски кугларски турнир оддржан лани во организација на нашиот Вардар, па пријателството и начелната согласност за овој дуел постоеле уште од тогаш помеѓу двата колектива. Експедицијата заминува од Скопје ден порано на 27.април, петок на пат за Словенија. Вардарци по крајот на МКЛ вчера продолжија со тренинзи, тие на формата  работат во кугларницата “Мусандра“ во Градскиот трговски центар Скопје.