Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Трпе Мартиновски вардарова легенда која трае…
АТЛЕТИКА! Трпе Мартиновски вардарова легенда која трае…
Вардаровата атлетска легенда и тренер на црвено-црните-Трпе Мартиновски!

АТЛЕТИКА! Трпе Мартиновски вардарова легенда која трае…

Трпе Мартиновски е една од најголемите атлетски легенди на Балканот, недостижен во Македонија, достоен во Европски и Светски рамки! Македонската и Балканската спортска јавност многу добро знаат кој е Трпе Мартиновски. Во периодот од 1990 година до 2011 година беше едноставно не победлив во Македонија. Представуваше страв и трепет за конкуренцијата на трките на Балканот. Мартиновски е шампион на Македонија во сите атлетски дисциплини од 1.500 метри до Маратон, како и во лигата во планинско трчање која се одржуваше кон крајот на минатата деценија.

Мартиновски и “пулените“ од АК Вардар!

Мартиновски и “пулените“ од АК Вардар!

Роден е 1964 година во Скопје. Својата кариера ја започна далечната 1981 година како младинец на Вардар. Дебитираше на 13 Ноември 1981 година на улучна трка на 1.500 метри каде што го освои првото место. Својот потенцијал го покажа 1983 година во Марибор каде што како 19 годишен јуниор го постави својот прв Македонски рекорд на 2.000м стипл за младинци со резултат 6:47,92. До својата 29 година Мартиновски се задржува на трките до 10.000 метри. Негов прв тренер е прославениот Вардаров тренер Симе. Потоа остварува соработка и со легендарниот тренер на АК Скопје Ташко Благоев. за потоа да премине кај тогашниот тренер на АК Работнички Ѓорѓи Вучков кој подоцна ќе го превзеде АК 7-ми Мај.Мартиновски. Во овој период Мартиновски ја развива својата максимална брзина на 1.500 метри има резултат од 3:57 на 3.000 метри 8:21 во таа епска трка веќе покојниот Јонуз Јонузи го победува Мартиновски за 2 секунди тоа е и националниот рекорд на Македонија во оваа дисциплина. На 5.000 метри има најдобар резултат од 14:19 минути. Клучната пресвртница во кариерата на Мартиновски е 1993 година кога преоѓа во Бугарија во клубот Класа. Таму добива перфектни услови за тренинг и живот. Веднаш тоа вродува со плод. 1994 година во Софија поставува Национален рекорд на Македонија на 3.000 метри во сала 8:36,1. Потоа блеснува во полумаратон. Истата 1994 година на првенството на Бугарија во полумаратон одново во Софија патеката долга 21.097км ја минува за 1:07:34. По овие резултати ЦСК Софија појавува интерес и во 1995 година го зема Мартиновски. Веќе во 1997 година во Атина Мартиновски ја трча својата најбрза трка на 10.000 метри. Најдолгата стадионска трка ја прелетува за 31:26,55 што е нов Национален рекорд на Македонија. Потоа Локомотив 91 од Велико Трново го превзема Мартиновски. Клуб за кој Мартиновски настапува 10 сезони во периодот од 1997 до 2007 година. Во 1999 година Во Севиља настапи на Светското првенство во атлетика. Следната 2000 година во Нови Сад поставува нов рекорд на Македонија во маратон 2:25:06. Поеследниот сениорски рекорд го поставува во 2002 година во Загрем на ултрамаратон на 100 километри 8 часа и 8 минути. На балканското првенство во сала во Атина на 3.000 метри го освои бронзениот медал. Во 2006 година во категоријата ветерани (40-44 години) станува балкански шампион во полумаратон 1:11:50 во Нови Сад. Овој резултат е Ветерански рекорд на Македонија. Интересно е тоа што од тогаш до ден денешен ниту еден атлетичар во своите најдобри денови не го надмина овој резултат кој Мартиновски го трчаше како ветеран. Во 2011 година Мартиновски заработи сериозна повреда на Ахиловата тетива. Покрај тоа 2012 година на 47 годишна возраст стана Шампион на Македонија во Маратон. Сега иако 51 годишен сеуште резултатски се носи со сегашните атлетичари кои се во зенитот на своите кариери. Мартиновски сега е тренер во Вардар. ѓи тренира Вардаровите деца Марко Ивановски, Петре Завировски и Дејан Василевски. Легенда која трае. Најдобриот атлетичар во историјата на Македонија!