Осмото коло од Македонската кугларска лига беше забележано како коло во која женска екипа победи машка екипа. Имено, кугларките на Пелистер Пин во градското „дерби“ играа крајно интересен и возбудлив натпревар со втората екипа на Пелистер. Девојките убедливо заводија со 2:0, за да се изедначи на 2:2 и предност за девојките и на крајот, натпреварот да се решава апсолутно во последните кугли. Ако мината недела девојкие од Пелистер Пин не ги послужи среќа со ГТЦ и загубија најмалку еден поен, ова коло, спортската среќа им се насмеа и со клупски рекорд заслужено прокнижаа 2 поени.
Макпетрол рутински ја совлада Б екипата на Вардар а додека Вардарци имаа лесен натпревар со ГТЦ жени. И двата натпревари завршија со максимални 8:0
Можеби поинтересно беше на мечот против Пелистер А и Макпетрол Б во Битола, каде што пелистерци имаа слаб ден или влегоа преопуштено, но кугларите на Макпетрол Б не го искористија тој момент. Сепак искуството на битолчани и домашниот терен, не дозволи изненадувања па прилично убедливо со 7:1 го добија овој дуел
ГТЦ Мусандра мажи – слободна екипа