Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар М16 во дербито го совлада КК Работнички, црвено-црните броеа до “103“
Вардар М16 во дербито го совлада КК  Работнички, црвено-црните броеа до  “103“

Вардар М16 во дербито го совлада КК Работнички, црвено-црните броеа до “103“

Една од најдобрите вардарови генерации, кошаркарската селекција до 16.години одигра дерби во својата лига. КК Вардар го пречека градскиот ривал КК Работнички М16 во дуел од треттото пролетно коло во малата сала при СЦ “Кале“ во Скопје.

Во еден крајно ефикасен дуел со  постигнати дури 187 поени до победа дојде црвено-црниот колектив. Момците на Александар Јованчев победија 19.поена позитива, односно со резултат 103-84. Честитки за нашиот тим кој одигра одлично во сите четири периоди и успеа да “уфрли“ троцифрен број поени во кошот на црвено-целиот ривал.