Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардар утре е домаќин на Кк 18 Август Адинг
КУГЛАЊЕ! Вардар утре е домаќин на Кк 18 Август Адинг

КУГЛАЊЕ! Вардар утре е домаќин на Кк 18 Август Адинг

Утре на програмата се воздувањата од македонската кугларска лига,  ќе се одиграат мечевите во рамки на 7-мото коло. Црвено-црниот кугларски колектив во ова коло повторно е домаќин, гостин ни е екипата на Кк  18 Август Адинг.

Вардар во овој дуел влегува од првото место на табелата кое го дели со моменталниот шампион во МКЛ екипата на Кк Макпетрол. Нашиот противник се наоѓа на предпоследната позиција со само една победа по одиграните шест кола во кугларската лига.  Избраниците на Драги Димитровски се сретнаа со овие противници во второто коло, мечот се играше  во κуглаρницата “Мусандρа” и истиот завρши со маκсимална победа за ваρдаρовите κуглаρи со ρезултат 0-8. Мечот утре ќе се одигра во кугларницата при спортскиот центар “Борис Трајновски“ и истиот е закажан со почеток во 11-00 часот. Покрај овој дуел во останатите два се сретнуваат екипите на Хераклеа и Империал тобако овој меч ќе се игра во Битола, а во другиот меч шампионот Кк Макпетрол ќе има сериозен предизвик со засилената екипа на Кк ГТЦ Мусандра.