Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Во сабота меч со Империал Тобако ТКС, шанса на вардарци за 4/4
КУГЛАЊЕ!  Во сабота меч со Империал Тобако ТКС, шанса на вардарци за 4/4

КУГЛАЊЕ! Во сабота меч со Империал Тобако ТКС, шанса на вардарци за 4/4

Зад нас се веќе четири кола во Македонската кугларска лига, вардарци по поразот во првото коло кога во дербито беа поразени од шампионот КК Макпетрол, нанижаа три последователни победи. На програмата во МКЛ викендов е новото, петто коло. Во тоа коло кое воедно и последно коло од првиот круг во МКЛ се сретнуваме со   КК Империал Тобако ТКС.

Годинава МКЛ ќе се игра трикружно односно ќе имаме по три средби со секој противник со што лигата ќе има 15 кола сезонава, за разлика од лани кога имаше само 10 кола. Викендов сме повторно “условно гости“ во кугларницата Мусандра. Дуелот ќе се игра во сабота на 19/11/2016 по еднонеделната пауза која ја имаше минатиот викенд поради одигрувањето на меѓународниот 13-то ноемврски турнир. Дуелот со   КК Империал Тобако ТКС ќе почне во 10-00 часот.

ТАБЕЛА МКЛ!

ТАБЕЛА МКЛ!

Треба да се напомене дека на меѓународниот 13-то ноемвриски турнир вардаровите преставнции “блеснаа“. Вардаров куглар Бојан Влаќевски беше освојувач на овој турнир. Тој зад себе остави 14 имиња од македонското и српското куглање, освојувајќи го врвот со скор од 621 “соборено дрво“. На победничкиот “подиум“ дури две имиња беа црвено-црни, трето пласиран беше Младен Донковски кој собори 588 “дрва“

По мечот со  КК Империал Тобако ТКС, почнува вториот круг и повторно дерби. Шампионот Макпетрол ќе биде шанса за ново докажување на избраниците на Драги Димитровски доколку изненадиме и победиме, третиот меч ќе го даде шампионот на земјава.