Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Македонија конечно победи, Луксембург „лесен залак“, вардарецот Крстевски прв стрелец со 22 поена
Македонија конечно победи, Луксембург „лесен залак“, вардарецот Крстевски прв стрелец со 22 поена

Македонија конечно победи, Луксембург „лесен залак“, вардарецот Крстевски прв стрелец со 22 поена

Конечно, Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години ја забележа првата победа на Европското Првенство – Б дивизија. Конечно, победа на собирот  во Португалија, по катастрофалните игри  против Белгија и Португалија.

Вчера црвено-жолтите млади кошаркари го надиграа тимот на Луксембург со 93-64.  Избраниците на  Радуловиќ прв пат покажаа дека може да доминираат на дуелите, во текот на цел натпревар ја контролираа играта и резултатот.

Вардарецот Дамјан Крстевски со 22 поени беше најдобар поединец, втор стрелец од црвено-црните момци беше Каркури кој постигна 14 поена,  исто така Славчо Темелковски од Вардар беше стрелец на 7 поена.

Нашата селекција во следното коло на ова ЕП од дивизијата Б ќе се сретне со селекцијата на Словачка.