Викендов стартуваше младинскиот шампионат во машка одбојкарска конкуренција. Во првиот турнир нашиот младински состав на ОК Вардар одигра два дуела, истите ги доби со идентични 2-0. Се сретнавме со младинските екипи на ОК Шкендија и ОК Синалко Крушево. Мечевите се играа во салата “Карпош ХТК“ во главниот град Скопје.
Оваа младинска одбојкарска црвено-црна машка екипа ја предводи од клупата Деан Стојанов. Во мечот со Шкендија победивме 2-0 односно во сетови 25-12 и 25-15. Другиот дуел беше далеку понеизвесен со ракометарите од Крушево. Нив ги добивме со 25-18 во првиот сет, во вториот сет се играше на разлика, сепак триумфираве со 27-25 и во тој сет со ОК Синалко. Остварувајќи две победи на почетните два меча победнички ја стартувавме сезоната 2016/2017.