ЖКК Вардар не се наигра многу оваа есен, се на се одигра четири рунди во есенскиот дел. Поради ковид-19 протоколите лигата доцнеше, па имаше одложувања, па нови термини и.т.н. Сепак на крајот на годината се одиграа неколку меча пред зимската пауза.
На одмор заминуваме како лидери, што е сосема очекувано бидејќи сме големи фаворити во групата „Исток“. Имаме максимални 8.бода и четири победи на исто толку дуели. Сите мечеви ги добивме со доминација над ривалите, на сите четири паузи помеѓу полувремињата ги имавме веќе решено дуелите во наша корист, па 2.полувреме беше само формалност.
Бројките на поените само ја одсликуваат нашата доминација. Постигнавме невројатни 398.поена, или речиси 100 по одигран дуел (99,50 во просек). Примивме 177 поена на четири дуели, девојките на Жаклина Стојановска дозволуваа само 44,25 поени по одигран дуел. Пластично прикажано една четвртина ја добивавме во просек со резултат 25:11 над секој противник.