Согласно календарот за атлетски натпревари на Атлетската федерација на Македонија во сабота на 24 април со почеток во 13-00 часот ќе се оддржи атлетскиот митинг на отварање на сезоната.
Вардарецот, Петре Завировски ќе настапи на трката на 3.000 метри. Тој во минатото има остварено два одлични резултати во оваа дисциплина. Во 2016 година има 9:32 во 2017 година има 9:38.
Неговата форма во моментов е одлична. Минатиот викенд оствари резултат од 37 минути на 10.000 метри, претходно на меморијалниот крос на 4км имаше 14:15 и на АРМ на 5км 17:53. За очекување е уште еден добар настап на вардаровиот атлетичар.