Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Паузата за вардарци е до 15.август, потоа почнуваат подготовките
Кошарка: Паузата  за вардарци е до 15.август, потоа почнуваат подготовките

Кошарка: Паузата за вардарци е до 15.август, потоа почнуваат подготовките

Кошаркарскиот клуб Вардар, по напорната и долга сезона во машката сениорска и женската сениорска лига и многуте младински лиги означи крај на истата. Следи летната пауза која ќе биде на сила се до 15.август. По тој повод тие на својот веб-сајт излегоа со кратка анализа на сезоната во која се вели:

Оваа сезона, 2017/18 е само уште една во низа успешни сезони за нашиот клуб. Напорната работа низ целата година, посветеноста на тренерите и ангажираноста на децата си остави свој печат.

zkk-timska-660x3301

Ја стартувавме сезоната со одбрана на женскиот сениорски куп , а ја завршивме со шампионска титула во М12. Сениорите со повторен влез во кошаркарската елита , ја потврдија целата сериозност на нашиот клуб и нашите амбиции, затоа голема благодарност до раководството што сетоа ова го овозможи.

Три сребрени медали, една бронзена и две четврти места е останатиот исход од 2017/18, со што ниту еден друг клуб не може да се пофали. Сите селекции го завземаа своето место во Ф4 турнирите , но секако дека покрај децата кои се главни актери и тренерите ги имаат своите заслуги за овие успеси.

  • Жени сениори – второ место
  • М14 – второ место
  • М15 – второ место
  • М16 – трето место
  • М18 – четврто место
  • М12-1 – четврто место

Се гледаме од 15-ти август во нашиот спортски дом , СРЦ Кале каде што стартуваме со подготовките за новата сезона.