Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Познати контурите на вториот кугларски 8-мо септемвриски интернационален турнир , потврдени 5 екипи, се очекува наскоро нови потврди
Познати контурите на  вториот кугларски 8-мо септемвриски интернационален турнир , потврдени 5 екипи, се очекува наскоро нови потврди

Познати контурите на вториот кугларски 8-мо септемвриски интернационален турнир , потврдени 5 екипи, се очекува наскоро нови потврди

Како се доближува 8.септември се пожестоки се подготовките  за вториот вардаров Интернационален турнир “8-ми септември“. Истиот   ќе се одржи  в сабота, на 8-ми септември во Скопје. Турнирот се организира по повод денот на независноста на Република  Македонија.

Лани црвено-црниот клуб организираше една прекрасна кугларска манифестација со најсилните тимови од ех ју просторите. Оваа сезона е на пат го повторни нивото на натпреварувањето. Полека се назираат контурите на истиот. Засега ова се петте сигурни учесници, се очекува уште еден клуб кој треба да се изјасни за поканата за учество.

 

  1. КК ВАРДАР (Домаќин)
  2. КК МЕТРОЈАК ( Хрватска)
  3. КК БЕЛГРАД (Србија)
  4. КК КАЛЦТ Камник (Словенија)
  5.  КК ГТЦ Мусандра (Македонија)