Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Македонија М18 перфектно ја заврши групата, Ташковски постигна 7.поена во победата над Данска
Македонија М18 перфектно ја заврши групата, Ташковски постигна  7.поена во победата над Данска

Македонија М18 перфектно ја заврши групата, Ташковски постигна 7.поена во победата над Данска

Вчера, кошаркарската репрезентација на Македонија М18 години  перфектно ја заврши групната фаза, со пет победи од исто толку дуели. На последната средба од групната фаза  црвено-жолтата селекција славеше над Данска со 80-73.

Момците на  избраниците на Тони Симиќ по крајот на првите 20.минути  имаа предност од 41-35. Следеше перфектен трет период, за во последните десет минути да се влезе со 62-48, по што се беше решено на оваа средба. Најистакнат кај нашиот тим кој одигра во комбиниран состав беше Марко Миловановиќ со 27 поени и 8 скока, вардарцот Виктор Ташковски постигна 7.поена. Тој одигра над 18.минути покрај поените придодаде и две асистенции и еден скок.