Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар со нов проект: “Младинска кошаркарска лига ВАРДАР”-сопствена лига за најмладите
КК Вардар со нов проект: “Младинска кошаркарска лига ВАРДАР”-сопствена лига за најмладите

КК Вардар со нов проект: “Младинска кошаркарска лига ВАРДАР”-сопствена лига за најмладите

По урнекот на двата ракометни и фудбалскиот тим и Кошаркарскиот тим Вардар започна со сопствена лига во која ќе се натпреваруваат најмладите кошаркари.  Во неа играат дечиња родени 2006, 2007, 2008, 2009 и помали.  Веќе минатиот викенд се одржаа натпревари во малата сала “Кале“, односно салата на КК Вардар на терен и кошеви приспособени на возраста на овие учесници. Овој нов потег на тимот кој е убедливо најдобар во полето на младинската кошарка е за поздравување.

kk

За целите на истата од клубот велат: Сите деца од клубовите во Македонија кои не играат во МКФ лигата, да се вклучат во оваа квалитетна кошаркарска лига и да одиграат голем број натпревари, да стекнат играчко искуство, да го зголемат натпреварувачкиот дух, да стекнат многу нови пријателства со децата од другите клубови и да научат да ги почитуваат кошаркарските правила!

kk2