Кошаркарите на Вардар до 20. години бележат само успеси во своето натпреварување. Вардарци по четири одиграни рунди имаат исто толку победи и убедливо се наоѓаат на првата позиција на табелата.
Изминатиов викенд тимот на Вардар на домашен терен високо ја порази екипата на КК Струмица со резултат 100-50. Ова беше една фантастична шутерска вечер за момците од Вардар. Во следното коло вардарци гостуваат кај тимот на Работнички.